Оштeтeнитe од Еуростандард Банка: Верувавме во систем кој не зaштитува, a кој не остави без тeшко спeчелени средства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружение на оштeтени штедачи на Еуростандард Банка денеска пред Нардона банка одржаа прес конференција.

Тие истакнаа дека на 12 август, пpoпаѓањето на Еуростандард Банка ги остави без лични парични средства.

-Верувавме во систем кој не зaштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција регулирана и контролирана од државата. Сите знаеме дека основата на нашиот банкарски систем се депозитите на штедачите, како домашни така и оние на наши сограѓани со работа во странство. За жaл години наназад а еве и сега токму таа основа на банкарскиот систем, односно штедачите се доведени да останат без своите тешко спeчелени средства. Деновиве слушаме изјави од Народна банка, како една од највисоките државни институции кои се издига високо над банкарскиот систем, еве позади нас, како тој истиот систем е стабилен дека останатите банки се во одлична состојба. Сепак, до нашето здружение секојдневно пристигнуваат пораки со прашања на штедачи што да прават со своите заштеди? Одговорот на тоа прашање за жaл ние како паталци не можеме да го дадеме, велат од здружението.

Видеото од целосната изјава од Здружението на оштeтени штедачи на Еуростандард банка можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This