ОЈО СО ОБВИНИТЕЛЕН АКТ ЗА 30 ЛИЦА ЗА НАСТАНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ: „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство на РМ денеска до основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година, соопшти на прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Како што Јовески појасни, 28 лица од нив се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од КЗ, а две лица се обвинети за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

-Опсежаната истрага утврди, а уверени сме дека во судската постапка и ќе се докажe, дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија на битието на кривичното дело. Ве уварувам дека Обвинителството ќе продолжи да постапува согласно законот, имајќи предвид дека гонењето го врши во јавен интерес, и заради тоа неговата активност е наосечна, пред се, пред лицето на правдата да ги донесе сите кои сториле кривично дело и и секој да одговара за тоа што го сторил, обезбедувајќи го принципот на правна сигурност како еден од фундаменталните аспекти на владењето на правото, изјави Јовески на прес конференцијата на ЈО.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This