ОЈО ЌЕ ПОКРЕНЕ ИСТРАГА ЗА СОМНИТЕЛНИТЕ ВАКЦИНИ: Обвинителство ќе истражува дали има пропусти при набавката и увозот на сомнителните вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство преку соопштение ја информираше јавноста дека отвори предмет по допрен глас за евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, во периодот од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, информираат од обвинителството.

Освен за рокот, од обвинителството информираат дека ќе се испитува и увозот на вакцините, дали постојат пропусти во процедурата како и евентуални последици и штети од вакцините.

„Со таа цел надлежен јавен обвинител веќе издаде наредба до Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи со која побара да се извршат проверки во правното лице ’Македонијалек’, како увозник и дистрибутер на вакцината МРП. Од фирмата-увозник ќе треба да се обезбеди комплетната документација поврзана со увозот на вакцините и нивното етикетирање. Проверки ќе се извршат и во Агенцијата за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД во поглед на извршените контроли на увезените вакцини и евентуално констатираните неправилности“, се вели во соопштението од Основното Јавно Обвинителство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This