Веста ја објави лидерот на ДУИ на својата фејсбук страница.. Пишува дека средбата завршила и дека се договориле да поддржат заеднички кандидат за претседател на државата.
Ахмети изразува уверување дека концептот ќе наиде на поддршка од мнозинството на граѓаните.
Ахмети и во изјава , што ја даде пред малку рече дека не се зборувало за конкретно име , туку дека во наредните денови ќе има уште состаноци за да се утврди името на кандидатот за претседател.
Принципот на консензуален кандидат за претседател е добар начин на соработка меѓу коалиционите партнери и Ахмети смета дека треба да се воведе како практика.