ПАДНА УШТЕ ЕДЕН ОТКАЗ ПОД ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА: Кирацовски се пожали дека на негово барање и дедо му си дал отказ од ЕЛЕМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, ќе се повлече од работното место во ЕЛЕМ. Кирацовски денеска објави дека го побарал тоа од својот дедо, а тој прифатил.

Во својата објава на фејсбук, Кирацовски вели дека неговиот дедо бил дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, и додава дека непотизмот нема да биде одлика на СДСМ.

„Ги следиме внимателно реакциите во јавноста и сериозно бараме решенија кои ќе гарантираат ист принцип за сите и морални чекори кои даваат додадена вредност.

Искрени сме во тоа.
Никој не смее да биде привилегиран, а уште помалку дискриминиран, но чекори мора да се преземат.

Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.

Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This