Пазете се Руси иде Северна: Османи им се зakaни на Русите, Kpим е Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, неговиот украински колега Дмитро Кулеба доби поддршка за земјата на фонот на ескалацијата со Русија, јави „Укринформ“.

„Бујар Османи ја изрази солидарноста на Македонија со Украина на фонот на ескалацијата со Русија, ја потврди силната поддршка за нејзините суверенитет и територијална целокупност во рамките на нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим како неразделен дел од украинската територија“, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

Кулеба од своја страна му честитал на Османи за првата годишнина од членството на Македонија во НАТО и ѝ посакал успех во европската интеграција.

Османи изразил подготвеност да ја посети Украина во втората половина од годинава на покана од Кулеба.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This