По четири часа распит во СЈО, Љупчо Палевски ги напушти просториите на СЈО заедно со својот адвокат. Тој влезе во приватно возило и на излегување од СЈО не сакаше да застане пред камерите да даде подетални информации зошто, речиси, цел ден беше задржан во полициска станица, а потоа околу четири часа беше на распит во СЈО.
Накусо влегувајќи во својот автомобил Палевски само кажа дека бил повикан во врска со предистражна постапка која што накусо рече дека е тајна и поради тоа не може да соопшти повеќе детали на јавноста.
Полицијата извршила претреси во неколку објекти и на Палевски во Скопје но останува тајна дали го пронашле тоа што го барале.