April 27, 2024, 11:07 pm

ПАЛЕСТИНСКА ДВОЈКА ГИ КРСТИ БЕБИЊАТА ЕРУСАЛИМ,ПАЛЕСТИНА И ПРЕСТОЛНИНА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Палестинска двојка протестира на специфичен начин против решението на претседателот на САД Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел. Двојката одлучи трите новородени бебиња да ги крсти Ерусалим, Престолнина и Престолнина.

– Родив три близнаци и решивме имињата што им ги дадовме да одговараат на одлуката на Трамп – изјави 25-годишната мајка Ислам ал Сукили.

Ерусалим и Палестина се момчиња, а Престолнина е девојче. Тие се родени во декември, две недели откако Трамп објави дека САД ќе го признае Ерусалим за израелска престолнина.

– Одлуката на Трамп нема никаква вредност. Ерусалим е нашата вечна престолнина – рече Нидал Сукили, 30-годишен татко на децата.

Родителите на сите посетители ги покажуваат бебињата и нивните изводи, но велат дека покрај желбата да живеат во независна палестинска држава имаат и други проблеми, како да обезбедат пелени и млеко за децата.

Појасот Газа, каде се наоѓа градот Хан Јонис, каде што живеат трите бебиња и нивните родители, е територија позната по многу конфликти. Енклавата е под израелска и египетска блокада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This