ПАЛМЕР: Одлуката на Европа да нема датум е pизиk за Препанскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високиот функционер од Стејт департменот на САД Метју Палмер оцени дека одлуката на Европскиот совет да не и даде на С Македонија датум за почеток на преговорите претставува ризик за примената на Преспанскиот договор.

„Договорот од Преспа реши долгогодишен спор меѓу две држави и го трасираше патот на С Македонија да стане 30-та членка во НАТО и, на крај, да влезе во Европската Унија“, истакна Палмер на вчерашното сослушување во Сенатот на САД за иднината на Западниот Балкан.

Како што пренесува „Глас на Америка“ на македонски, заменик помошникот на државниот секретар на САД за европските прашања оценил дека одлуката на Европскиот Совет ја поткопува кредибилноста на ЕУ во регионот, доведува до демотивирање за спроведување на реформи и вакуум во лидерството.

Палмер посочи дека ратификувањето на протоколот за пристапување во НАТО е клучен чекор за да се покаже континуирана поддршка за евроатлантските аспирации на С Македонија и поширокиот регион.
„Во последната деценија започнаа да се гледаат резултатите и напредокот што го приближува регионот поблику до евро-атланското семејство“, вели заменикот помошник на американскиот државен секретар.
Според него, С Македонија е пример во тој прогрес, а од јуни 2017 година, откако е на власт Зоран Заев, не само што се потпиша договор за пријателство со Бугарија, туку и со Грција го заклучија „Договорот од Преспа“ кој претставува „дипломатско остварување во регионот“

„Тоа е пример кој треба да го следат и други лидери на Западниот Балкан“, нагласи Палмер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This