ПАМЕЛА АНДЕРСОН И ВЛАДИМИР ПУТИН ЗАЕДНО ЌЕ ГИ CПАСУВААТ КИТОВИТЕ: Познатата актерка побара помош од претседателот Путин за ocлбoдување на зapoбeни китови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холивудската актерка, Памела Андерсон, испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во коe бара ослободување на китови – орки и белуги, заробени во близина на местото Нахотка во регионот Приморски крај.

Андерсон, којa исто така е член на Советодавниот одбор на Меѓународниот фонд за благосостојба на животните писмото го објави и на официјалната интернет-страница на фондацијата со нејзиното име, пренесе агенцијата „Тасс“.

Во писмото, таа го замолува Путин да нареди ослободување на големите морски цицачи.

„Ви пишувам во врска со 11 орка и 87 белуга китови кои во моментов се заробени во близина на Нахотка. Сакам да ѝ се заблагодарам на руската влада што презема важни чекори во спречувањето на меѓународна продажба на овие китови. Разбирам дека владата презела иницијатива да ги ослободи овие вечичествени суштества и да ги врати во нивната природна животна средина, во водите на рускиот далечен исток“, пишува Андерсон.

Таа исто така изразува надеж дека руската влада, во соработка со екологистите и меѓународните експерти, ќе развие професионален план за враќање на орките и белугите во нивното природно живеалиште.

Претходно беше објавено дека 11 орки биле запленети поради незаконска продажба во Кина и се чувани во посебен центар во Нахотка, заедно со околу 90 белуга китови.

Како што се наведува, во случајот е покрената кривина пријава за нелегален лов, а пред три дена Путин им наредил на надлежните министерства да одлучат за судбината на китовите до 1 март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This