ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОТKAЖА И ОСКАРИТЕ: Академијата за филмска уметност ја разгледува можноста за одложување на најпрестижната награда во светот на кинематографијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако церемонијата за 93. доделување на Оскарите беше закажана за 28 февруари 2021 година, според најновите информации, Академијата за филмска уметност ја разгледува можноста церемонијата за врачување на најпрестижната награда во светот на кинематографијата да се одложи. Kонечната одлука не е конкретна во овој момент.

Повикувајќи се на анонимен извор, магазинот „Вариети“ објави дека е веројатно оти церемонијата на доделување на Оскарите, која е закажана за 28 февруари на телевизијата Еј-Би-Си, да биде одложена.

Во исто време, друг извор тврди дека датумот на Еј-Би-Си е моментално непроменет.

Кога во април беа објавени новите привремени измени во правилата за освојување на Оскарите, поради пaндемијата на kpронавирус, претседателот на Академијата, Дејвид Рубин, рече дека е рано да се знае како може преносот на Оскарите во 2021 година да се промени поради пaндемијата.

Според вообичаените правила – филмот мора да има седумдневна проекција во кината во Лос Ангелес, со цел да се квалификува за Оскар. Сепак, за оваа година филмовите кои се дигитално објавени може да се квалификуваат ако студиото првично планирало театарска проекција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This