Пандемијата до денес предизвика загуба на 255 милиони работни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата година биле изгубени четири пати повеќе работни места поради пандемијата, отколку за време на светската финансиска криза во 2009 година, се наведува во извештајот на Обединетите нации (ООН).

Агенцијата на ООН, Меѓународната организација на трудот (МОТ), процени дека ограничувањата на деловниот и јавниот живот минатата година уништиле 8.8 отсто од сите работни часови во светот.

Тоа е еквивалентно на 255 милиони работни места со полно работно време, што е четири пати повеќе отколку за време на финансиската криза пред десет години.

Ова е најлошата криза за овој сектор од Големата депресија во 30-те години. Нејзиното влијание е далеку поголемо од влијанието на глобалната финансиска криза од 2009 година.

Од МОТ наведуваат дека повеќето луѓе кои останале без работа престанале да бараат работа, веројатно поради ограничувањата за фирмите кои вработуваат голем број на работници, како што се, рестораните, баровите, продавниците, хотелите и други услуги кои зависат од интеракција лице в лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This