ПАНДОВ: Реката на мигранти која непречено минуваше пред неколку години и беше успешно стопирана, е повторно активирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Да ги предупредам нашите пријатели од Европа, преку нивните ополномоштени претставници во Македонија, дека реката на мигранти која непречено минуваше пред неколку години и беше успешно стопирана, е повторно активирана. Имено моето место на живеење е непосредно до железничката пруга која оди од Велес за Скопје, а да потсетам мигрантите истата ја користат како сигурен патоказ. Од тука сакам да ве информирам дека секоја вечер во период од 12ч до 5ч наутро непречено минуваат во помали или поголеми групи голем број на мигранти, пишува политичкиот аналитичар Александар Пандов на Фејсбук.

– Дали корупцијата е причината за порозноста на Македонската граница, не знам. Воедно да ги потсетам нашите ЕУ партнери дека министерот Оливер Спасовски полицијата ја користи во тепање и фрлање на солзавци врз стари лица и деца, а минатиов викенд полицијата со автомати шеташе по скопските ноќни клубови и дискотеки. Верувам дека во период кога владите на најмоќните држави во Европа се тресат на прашањето мигранти, важно е да бидат информирани како Заев и Спасовски се однесуваат по тоа прашање!
За да не биде објавава ”фејк њуз”, поканувам некој истражувачки расположен новинар (Македонец или странец сеедно) да застане една ноќ до посочената пруга и самиот да се увери, додава тој.

Да ги предупредам нашите пријатели од Европа, преку нивните ополномоштени претставници во Македонија, дека реката на…

Posted by Aleksandar Pandov on Tuesday, July 3, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This