ПАНДОВ ДО ЈАНЧЕВ И ТОДОРОВ: Па имате ли бре вие двајца трошка срам?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-пратеникот и политички аналитичар Александар Пандов, на својот ФБ профил  ја искоментира информацијата за тајната средба помеѓу двоецот Јанчев – Тодоров и фамилијата Заеви во хотелот „Сириус“ во Струмица


На средбата како што информираше Заев се разговарало за уставните измени, и помошта која можеле да му ја дадат овие две лица, иако избркани од ВМРО-ДПМНЕ.

„Никола Тодоров и Митко Јанчев пред референдумски не уверуваа дека ќе излегле да гласаат, но ливчињата неважечки ќе им бидат. Не можеле да гласаат За, душата вмровска не им давала. Хан по средба со Нино потвди дека гласале За. По гласањето на 8-те пратеници и јасно посочениот прст кон овие двајца дека шурувале со Заев во “убедувањето” на пратениците, повторно се колнеа во нивната вмровштина, а се останато биле лаги и клевети. Денес самиот Заев потврди дека двајцава се состануваат со него и дека покрај овие 8, најконкретно ќе запнеле да “уверат” уште некој пратеник, плус да ги спречеле опструкциите на Мицкоски!? Па имате ли бре вие двајца трошка срам?“ – напиша Александар Пандов на својот ФБ профил.

Претходно, Јанчев во изјава за провладината 24Вести изјави дека заедно со Тодоров ќе работеле против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски, да го спречат во обидот за блокада на промената на Уставното име.

Од она пак што го дознава „Инфомакс“, Јанчев и Тодоров му понудиле „златни резерви“ на Заев доколку пратениците кои претходно гласаа за уставни измени откажат послушност.

„ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ“ НА ЗАЕВ: Кои имиња ги понудиле Тодоров и Јанчев како „златна резерва“ за гласање на уставните измени на тајната средба во „Сириус“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This