Пандов: Дoдeкa вo peгиoнoт ce вakциниpaaт, Македонија нe знae кoгa ќe cтacaaт вakцинитe пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. При своето гостување говореше за вакцините кои никако да стасаат за вакцинирање на граѓаните против КОВИД-19. Власта е неспособна да набави вакцини, додека земјите во регионот имаат вакцини Македонија чека.

Ние секојдневно гледаме колку имаме неспособна влада и колку имаме неспособни политичари кои што ја водат оваа влада. Меѓутоа ова е конкретен пример повторно и повторно колку ние неспособен министерот за здравство и премиерот на крајот од денот, и претседателот. Имено, не е точно дека ние многу, многу нешто се разликуваме од Србија економски гледано или било како гледано. Се разликуваме во тоа што таму е претседателот Вучиќ, а кај нас е Стево Пендаровски. Се разликуваме по тоа што таму премиер е Брнабиќ, а кај нас е Зоран Заев“, нагласи Пандов.

Пандов додаде дека количините кои што ги доби Србија се и тоа од Фајзер затоа што македонската влада само од Фајзер се има ограничено. А, во светкиот пазар има 4-5 вакцини. Србија има земено од кинеските, од руските, од британските вакцини. И дури најавуваат дека наредниот месец ќе имаат еден милион вакцини.

Ние ако се споредиме со Албанија исто така јас сум колку што разбрав Еди Рама лично бил во Америка во претставништвото на Фајзер да моли од позиција на премеир да добие час поскоро поголема количина на вакцини. А, каде е нашата Влада? Каде е нашиот претседател, каде е било кој нешто Венко дали мрднал, дали направил“, запраша Пандов.

Пандов посочи дека она што го направил министерот за здравство кај нас е понижувачки да моли за помош од Бугарија. Притоа, премиерот на Бугарија јасно кажа дека ако им останат вакцини, ќе ѝ дадат на Македонија.

Тоа значи дека Македонија може и да не добие вакцини од Бугарија, предупредува Пандов.

Има официјална ранг листа, а таа е најцрната ранг листа по смртност на милион жители. А, Македонија иако ја сметаат дека е околу два милиони жители, е на петтото место во свет по смртност, додаде тој.

Вакцините можеби ќе стигнар март, април. Сите земји во светот знаат кога ќе им стасаат вакцините, а ние ништо не знаеме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This