ПАНДОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА БРНЗ: Сигурно мисли за 200-те години затвор на уставобранителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во Канал5 телевизја аналитичарот Александар Пандов ја коментираше изјавата на американската амбасадорка Мери Кејт Брнз  кој потенцираше и дека оние што ја злоуптребиле довербата на јавноста, треба да понесат одговорност за своите постапки. Според него Брнз мисли на 4-те години затвор за дедото кој ја потегна Шекеринска за коса, 200-те години затвор за уставобранителите и сите оние сомнителни пресуди и одлуки на судовите во Република Македонија изминатите 3 години.

 

-Од 20 предмети кои што ги има покренато СЈО во 18 нема никаква материјална злоупотреба. Знаете луѓето имаат многу погрешна перцепција, автопатите, автопатите кога се говорат има влијание дека некој терал побрзо да се работи за да кога ќе се излезе пред гласачите, а тоа го правел Груевски, кога ќе излезе пред гласачите тоа е и реализирано. Имаме обвинителство кое што затоа што Шекеринска беше повлечена за коса осудија човек на 4 години затвор. Уставобранителите оваа Кацарска која што под материјална и морална одговорност, Лиле Стефанова тврди дека цел ден Кацарска седела во судот влијаела за да има притвор. Истатата таа Кацарска и Вилма Русковска ги осудија уставобранителите на 200 години затвор и ние за тоа говориме. Јас така ја разбирам амбасадорката Брнз. Сите гледаме дека државата за некого е мајка за некого маќеа. Ние имаме селективна правда, вели Пандов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This