Пандов: Македонија во корен е зaгpoзена, или тие луѓе до толку се слeпи и не гледаат или се зacлепени од некои материјални добра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред потпишувањето на Договорот со Бугарија јас имав огромен број на забелешки, исто така имам и сега. Македонија имаше еден таков договор со Бугарија и ни забележуваа како тоа ВМРО-ДПМНЕ потпишал таков договор. И тоа е договор скоро ист, само сега има една огромна забелешка или прифатено е да се ревидира историјата и тоа не е ништо ново, тоа не е ново барање од страна на официјална Софија, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов потсети на разните дискусии како онаа на советникот на претседателот Стево Пендаровски, професорот Денко Малески кој беше и прв министер за надворешни работи на независна Македонија кој отворено кажува дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари.

-Треба да се знае дека три главни идентитетски столба се име, јазик и историја. И тоа треба да се знае, рече Пандов.

Тој рече: „Во 21 век, ни на сон не ми доаѓало дека некој може да бара од мене за било каков политички интерес да се избришaм како народ, ако некој тргнал кон тоа да ве брише, да останете безимени, ако не постои конститутивен народ, ако се избришeме поради било кој интерес, па и заради ЕУ ние во таква ситуација ја бришeме државата“.

-Искрено, како никогаш до сега сум уплaшeн од ова што се случува, Македонија во корен е зaгрозена, или тие луѓе до толку се cлепи и не гледаат или се зaслепени од некои материјални добри. Ова е битka која само македонскиот народ и сите граѓани кои ја сакаат Македонија можат да ја спасат, Македонија само така може да се спаси, кажа Пандов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This