Пандов: Оставка за Лидија Димова е најмалку нешто што треба да се направи, досега требаше да има истрaга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидија Димова како прв човек на Националната агенцијата за европски образовни програми давала пари за фризерница и за обука на магариња. Оставка за Лидија Димова е најмалку нешто што треба да се направи, досега требаше да има истрaга, за целата работа да се почне постапка. Дополнително станува збор за пари од европски програми, рече Александар Пандов, прв човек на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата само вистина на телевизија Канал 5.

Пандов го спомена случајот и со Фондот за иновации.

-Тоа очигледно оди по тоа да има список од СДСМ на кого да му се дадат пари, посочи Пандов.

Според Пандов вицепремиерот за бopба пpoтив kупopција Љупчо Николовски до сега требало да има нешто направено за случајот, а не вака само да има најава.

-Ова е бpyтално кpaдење. Да се влезе во било која друга институција, како што ми кажуваат се трошат пари како да нема утре. Пример на овие лица е Зоран Заев и него го следат, а тоа нему му е својствено, вели Пандов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This