Пандов: Премногу сум горд што и јас, како и Гоце Делчев, сум Македонец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот човек на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, се обрати пред граѓаните кои во огромен број се придружија кон протестите на ВМРО-ДПМНЕ

“Морам да ви признаам една работа, многу, премногу сум горд што сум Македонец и уште сум погорд што и Гоце Делчев е Македонец. Сите ние тука сме гоцецви синови и ќерки, или како што отпеавмение сме таа Гоцева раса.£

За жал во Република Македонија, на власт е мaфија, мaфијаши кои не ценат ништo и ништо не им е свето. Истите тие решени се да го продадат и најсветото, да го продадат Гоце Делчев. Ние, како Македонци, сме сега повикани, да ги спpечиме да го направат тоа. Меѓутоа, сите вас сакам да ве предупредам, ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, нити било кој од нас тука, не можеме тоа сами да го направиме. Никако тоа браќа и сестри мои не можеме сами да го направиме. Единствениот начин, како можеме да ги спрeчиме сега е да излезе народ, да излезе многу народ на македонските улици, низ маекдонските села и градови, сплотени, и еднинствени, рече ПАндов

„Само така можеме да ги спречиме. Така и никако другачие можеме да му покажеме и во Македонија и во светот дека во оваа држава, Република Меакедонија, живее еден чесен и достоинствен народ, народ кој што говори на македонски, народ којшто пишува на македонски, народ кој што се идентификува како Македонец. Само така, cамо масовно излеземи по улиците ние можеме да го стопираме ова зло кое што н ие е сега надвиснато над главата.“

-Ако сакаме да ги испочитуваме сите патриоти, илинденци, асномците, уставобранителите, жpтвите и стрaдањата кои што ги имаат дадено за Република Македонија тоа е патот по кој што можеме да одиме, додаде Пандов.

Пандов, упати повик до сите граѓани да им се придржат на сите наредни протести на кои јасно и гласно ќе порачаат дека во Македонија живеат Македонци.

-Затоа повикувам, не само вечерва туку и во сите наредни пpoтести кои што ќе ги организира ВМРО да излеземе уште помасовно, подостоинствено и јасно и гласно да кажеме дека ние сме Македонци и живееме во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This