ПАНДОВ PACПАЛИ: Некој ќе си го пpчи на мотор, ние затвopeни ко глувци по дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под притисок на домашниот притвор воведен од страна на Заев и Филипче по повод Велигден, денес и јас бев принуден да одам до маркет и пазар. Сцените кој се одигруваа пред мене беа како во недела да треба се случи некој потоп, а не да е ден Велигден, најголемиот празник за нас христијаните. Загрижени и нервозни луѓе растрчани на сите страни, огромни колони пред маркетите и банките. Слики кој не им би ги посакал на најголемите душмани, а не па да ги гледаш во сопствената татковина. Тоа било здраво и за наше добро, а да возиш велосипед и да шеташ по паркови и планини било нездраво!

 

Докторско дете сум, па моите родители ме воспитале дека кога здравјето е во прашање треба да се слушаат советите на докторите, а не од политичарите и министрите. Доказ дека тие немаат три чисти во глава е и фактот што во моментов пола Влада е во изолација.

Од друга страна пред неколку дена, на Само Вистина, имавме можност да слушаме вистински експерт во оваа област,почитуваниот проф. д-р Вело Марковски, кој експлицитно тврдеше она што и секој здраворазумен човек денес во Македонија го мисли, а тоа е дека санкциите и ,,мерките“ кој ги трпиме како народот, се контрапродуктивни за нашето здравје.

Вакви ригидни мерки се спроведени само во неколку тоталитарни држави во светот и кај нас. Одземена ни е една од основните човекови придобивки, слободата на движење. А слободата е една од највозвишените цели што човек може да ги има, нели!?

Како и што беше за очекување од комуњари, малку им беше минатиот викенд, па овој ни го направија и продолжен. Цели 85 часа да не смееме да излегуваме од дома. Од огромна почит кон владиката Агатангел и неговиот повик овие денови да се седат затворени по дома, ,,мерките“ ќе ги почитувам и јас, а верувам и сите останати.

Меѓутоа да си знаете, од вторник натака се што е под 21 часот навечер забрана за движење НЕМА да ја почитувам. Дури повеќе, ако не не ослободите од ова Корона робство ви најавувам дека ќе организирам движење #БојкотирамПолицискиЧас по примерот на дечките од Ченто. Подобро нека ме обвинат и осудат Рускоска и Кацарска, бар да си знам официјално дека сум притворен. Вака по политичка директива на Заев, Оливер и Венко да седам во домашен притвор не прифаќам и одбивам! Ние затворени ко глувци по дома, а Зоки ќе си го прчи на мотор!

#НемаСлободаНаДвижењеНемаМир
#СлободаИлиСмрт

Под притисок на домашниот притвор воведен од страна на Заев и Филипче по повод Велигден, денес и јас бев принуден да…

Posted by Александар Пандов on Friday, April 17, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This