Пандурски најави реконструкција на патот до туристичкиот локалитет Равна Река

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Пехчево од коалицијата „Најдоброто за Пехчево“, Славчо Пандурски најави реализација на повеќе проекти кои во голема мера ќе влијаат на подобрување на животот на граѓаните. Откако претходно како еден од капиталните проекти го напомена проектот за изградба на патот Робово – Умлена – Чифлик, во програмата како што истакна е предвидена и реконструкција на патот до туристичкиот локалитет Равна Река.
-Во делот на инфраструктурата ќе го напоменам и проектот за подобрување на водоснабдувањето во Општината, реконструкција на дел од речното корито на Пехчевска Река, како и уредување на просторот пред Градскиот стадион и Градските гробишта, истакна Пандурски.
Најави и други проекти кои опфаќаат подобрување на инфраструктурата во градот.
-Други капитални проекти кои се дел од нашата програма е изградбата на Градска капела, изградба на кружен тек на булеварот Равен, зголемување на површините за паркирање, реконструкција на неколку улици и реконструкција на противпожарниот дом, додаде Пандурски.
Напомена дека во изминативе четири години на чело со актуелниот градоначалник Драган Тренчовски се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт, а продолжвање на таа силна динамика според Пандурски ќе продолжи откако граѓаните со љубов за Пехчево со заокружување на бројот 12 ќе и дадат поддршка на коалицијата Најдоброто за Пехчево за уште една успешна приказна

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This