Пановски: Граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природното заразување, а не поради вакцините.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Микробиологот Никола Пановски во денешното гостување во ТВ Алфа истакна дека граѓаните стекнале колективен имунитет поради природното заразување, а не поради вакцините.

„Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со заразата, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа и некои завршија во болница. Според сите проценки околу 60 проценти ја имаат прележано заразата и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите – вели професорот Пановски, за Алфа.

Тој вели се што е на отворено не е опасно.

„Ако се исклучиво на отворен простор да, меѓутоа ако се во затворено не. Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста. Меѓутоа, сепак, впечатокот е дека заразата нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно. Но и топлото време има влијание за намалување на бројките“ – вели Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This