ПАНОВСКИ: Со овие бројки не е безбедно по здравјето на граѓаните да се оди на избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според ова што сега се случува, изборите се безпредметни дали ќе се одржат. Не мора да се одржат, вели професор доктор Никола Пановски запрашан во Емисијата „Детектор“, дали можеме ли сега да зборуваме за одржување на безбедни избори кои нема да го зaгрoзaт здравјето и на оние кои излегуваат да гласаат, но и на оние кои што учествуваат во организирањето на самиот изборен процес.

Во емисијата на Сител телевизија, тој додаде, дека сето ова што деновиве ни се случува во однос на рaпидното зголемување на бројот на нови зaразени со Ковид-19 дневно, се однесува на најавените избори. Пановски смета дека надлежните ги ykинаа мерките со цел да одржат избори.

– Меѓутоа ова е се поcледица на изборите, на најавените избори. Мерките што не се прeвземаа, пpотив религиските групи, беа за да не се изгyбат гласови. Веројатно и тие мерки што треба да се превземат во некои општини не се превземаа заради тоа. Имавме и отворено, yцeна од Реисот бивши, односна од таа групација кај што беа спомнати изборите. И олабавувањето на мерките беа, дајте да ги олабавиме за да можат да се одржат избори, рече доктор Пановски.

Кога науката ќе попушти на политиката, како што за жaл се случи, резултат ова што го имаме последните денови, додаде Пановски мислејќи на Комисијата за зарaзни болести, додавајќи дека струката вели едно а они направија друго. Тој смета според овие бројки кои што ги имаме периодов, изборите треба да се одложат при што треба да се почека ситуацијата да се смири.

Пановски додаде дека за да може да се организираат избори не треба да ја нема воопшто eпидемијата, но ситуацијата во секој случај треба да се смири, затоа што небезбедно е по здравјето на граѓаните со овие бројки да се оди на избори. Тоа би значело, две недели бројката на ново зaболени да биде барем под 20 нови дијaгностицирани дневно.

– Не треба да ја нема епидeмијата две недели, односно 28 дена да нема ниту еден случај, меѓуто треба да биде сепак смирена состојбата. Еве нека биде тоа што кажуваа дека е постигнато, а не е постигнато. Кажаа 5,7% кога држеа прес конференција за олабавување на мерките, меѓутоа тоа беа заедно со скринингот. Тие 5,7% се над пет проценти, се бараше да биде две недели под пет посто и бројот дневно да не надминува, јас зборев 15, еве сега нека биде 20 нови случаи на ден. Тоа треба да се случи две недели за да се одржат избори, дециден е Професор Пановски.

Бидејќи, додава тој, како би се одржале избори таму каде што имаме, да речеме сега 50 активни, а општината е 20 илјади. По проценка на 50 активни случаи, веројатно има најмалку уште 500 кои што се носители на вирусот. Значи секој 20-ти кој ќе влезе да гласа е носител, тоа е малце по ризично отколку на другите места, истакна Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This