Папата Франциск го одржа традиционалниот Ангелски поздрав

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата денес го одржа традиционалниот Ангелски поздрав од папската библиотека, но ќе ги прескокне новогодишните церемонии во базиликата Свети Петар поради ишијас.

Папата Франциско изгледаше опуштено додека стоеше зад говорницата во Апостолската палата и им посака на верниците година на мирот и надежта преку видео.

Тој се насмевна на камерата, повторувајќи ги вообичаените зборови: „Не заборавајте да се молите за мене“ и на сите им посака добар ручек, пренесува АП „Танјуг“.

Ватикан денес објави дека папата Франциско нема да ја предводи новогодишната миса во базиликата Свети Петар поради ишијас.

На крајот од Ангелскиот поздрав, папата Франциско повика на мир во Јемен, каде што децата живеат без образование, без лекови и гладни.

Папата Франциско исто така рече дека пандемијата нè научи колку е потребно да се интересираме за туѓите проблеми и да ги споделуваме нивните грижи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This