Папата ќе донира 200.000 евра за помош на населението на Хаити по paзорниот земjoтрес што ја пoгоди земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ќе донира 200.000 евра за помош на населението на Хаити по разорниот потрес којшто ја погоди оваа сиромашна карипска земја минатата седмица.

Потресот со магнитуда од 7,2 по Рихтер однесе најмалку 2.200 животи, а 12.000 луѓе се повредени.

Парите што ќе ги донира папата ќе бидат распоредени по бискупиите кои се најтешко погодени во стихијата и тие ќе им бидат дистриубуирани на оние на коишто им се најпотребни.

Папата истовремено издвои пари и за помош на Бангладеш, кој во мај беше тешко погоден од ураган.

Исто така, 100.000 евра се наменети за Виетнам, за да ѝ се помогне на земјата да ги ублажи економските последици предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Во извештаите се наведува дека Ватикан секогаш донира пари на регионите погодени од кризи, а поголемиот дел доаѓа од добротворниот фонд Петрова паричка, која во 2020 година имал околу 50 милиони евра, како што покажа неодаман објавениот финансиски извештај.

Ватикан испрати и медицинска опрема за Ерменија и за јужноамерикански земји, исто така, со цел да се ублажат последиците од пандемијата.

Истовремено, бидејќи Италија потона во криза поради пандемијата на Covid-19, папата донирал и 100.000 евра на италијанскиот Каритас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This