Папата Франциск при утрешната посета на земјава се очекува да се вози низ скопските улици во cпецијалното возило наречено папамобил. Тоа најчесто се користи при посетите на папата во странство, бидејќи низ Ватикан ретко патува.
Специјалниот автомобил „папамобил“ почнува да се користи од 1929 година кога било дизајнирано првото специјално возило за папата. Станува збор за отворено возило со специјален стаклен дел во кој е поставена кралска столица на која седи папата и им отпоздравува на собраните верници кои се присутни на улиците.
ПАПАТА ЌЕ СЕ ВОЗИ ВО „ПАПАМОБИЛ“: Папата утре ќе се вози во специјално возило дизајнирано специјално за него!
Поврзано
- Advertisement -