ПАРАЗИТСКА РАБОТА: Мето Коловски- рекетар и измамник кој злоупотребувајќи ја дијаспората прави пари и лична кариера!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите и истражувањата кои ги направил порталот „Журнал“ за Мето Коловски, кој е претседател на организацијата ОМД- Обединета Македонска Дијаспора истите укажуваат на фрапантни и зачудувачки податоци кои упатуваат на тоа дека се работи за еден обичен измамник кој печали пари на грбот на дијаспората, пишува порталот.

meto-kolovski-640x360

 

-Мето Коловски кој себе си се преставува како патриот за да ја добие поддршката од дијаспората укажува дека требало да се прекинат преговорите за изнаоѓање на решение за името со Грција, а во исто време ги напаѓа македонските власти зошто не ја внеле државата во ЕУ и НАТО, каде што е исклучиво е јасно и не се крие и од самите организации во кој што сакаме да влеземе, дека главна пречка е токму името на Македонија, пишува порталот.

Истовремено Коловски својата организација ОМД ја користи како приватна фирма за збирање на донации од македонците кои редовно завршуваат во приватниот џеб на Коловски. Нашинците велат,- каква донација во добротворни цели сте виделе од Коловски, нема такви. Човекот е трговец поединец кој иронично работејќи под плаштот за македонските интереси, тој ги злоупотребува и искористува, додаваат тие.meto-kolovski1

Истовремено организацијата ОМД за која работат не повеќе од дваесетина млади луѓе кои му веруваат на Коловски, таа не е никаков репрезент на многубројната македонска дијаспора во Америка. Но тоа на Коловски не му пречи да го искористи за лична профилација и под изговорот преставување на македонската дијаспора, да прави лични конекции со политичари од американскиот политички живот од кој има само лична корист.

Македонците од САД велат Коловски е токму спротивното од тоа што се обидува да се претстави. Сакајќи да се факторизира говори за големи теми, но ако нема финансиски интерес ниту пет пари не дава за сферите на интерес на македонската држава и македонците во странство. Тој ќе остане како еден од ретките преставници на дијаспората во светот кој се претставува за патриот, а организира протести пред сопствената амбасада.

За измамничките активности на Коловски пишуваше и весникот на македонската дијаспора Фаланга, кој со наслов Мето кога ќе си ја платиш сметката во Александар Палас?, ги открива и манипулациите со кој се служи овој самопрогласен лидер на американската дијаспора.

-Наводно семинарот за кој што се собраа во хотелот кој не го платија и сеуште должат е за балканските војни, а ниту еднаш барем со едноминутно молчење не се поклонија на жртвите од овие војни. Педантни беа само во вечерата која ја имаа, пишува весникот на дијаспората Фаланга.

meto-640x735

Од таму додаваат дека Коловски иако се залага за прекин на разговорите само во личните комуникации со дијаспората со цел да добие поддршка од нив, на официјалните настапи воопшто не ја споменува оваа позиција, туку напротив ја премолчува со цел да им удоволи токму на оние кој заговараат негова промена.

-Заборавија дека државата Македонија има само едно име што се состои од еден единствен збор, зборот Македонија без никакви придавки и додавки и дека референдумот 91та година важи не само за Република Македонија туку за сите Македонци државјани на Македонија!, пишува Фаланга.

-Згора на тоа Коловски преку приватната организација ОМД не учествувал во ниту една поголема хуманитарна мисија во Македонија, иако тоа не го спречувало да бара пари од бизнисмени во дијаспората токму под тој изговор. Од тие пари нема видено ниту денар македонската држава, пишува Журнал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This