Партиите ќе ги бojkoтиpaaт изборите во Штип и Пласница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичките партии, и од македонскиот но и од албанскиот политички блок, се откажуваат од истрчување на предвремените локални избори во Штип и Пласница бидејќи се сомневаат во легитимитетот на тој изборен процес, но и поради притисокот врз јавното здравје во услови на зголемените бројки на заболени од коронавирус.

„Мислам дека е многу неразумно во оваа економска криза и во оваа состојба на пандемија да се организираат вонредни локални избори на кои ќе бидат избрани градоначалници за мандат од 10 месеци. Нека анализираат како може да им се продолжи мандатот на овие двајца градоначалници во Пласница и Штип може да биде продолжен за уште 10 месеци, да не ги трошиме парите, па наместо на избори, да ги потрошиме на лекови или да направиме што повеќе тестови “- рече Арбен Таравари, АА-Алтернатива.

Освен Алтернатива за Албанците, од учество на изборите се откажуваат и од „Глас за Македонија“.

„Сметаме дека на уште едни “корона“ избори не треба да се настапува, иако имаме одличен кандидат. Тие нема да бидат ниту фер, ниту демократски, а најмалку безбедни. И еден изгубен човечки живот поради оваа сложена операција, ќе биде доволна причина да не влегуваме во опасна авантура.“ – велат од партијата на Солза Грчева.

Оттаму ги осудуваат постапките на Зоран Заев кој „морал да назначи градоначалник за министер“ со што директно ја загрозил безбедноста на граѓаните.

„Македонија многу лошо се справува со епидемијата. Бројките на заразени, а посебно смртноста се меѓу највисоките во Европа. Болничките капацитети се полни, здравствените работници се на работ на издржливост. Влегуваме во нова, можеби најопасна фаза на пандемијата кога во целиот свет се воведува целосно или делумно затворање на цели региони, кога секој доктор и медицинска сестра се ставаат во функција на здравството. А кај нас се најавени избори, кои не мораа и не смеат да се случат.“

Затоа ги повикуваме Министерот за здравство, господинот Филипче и Комисијата за заразни болести да не потклекнуваат по втор пат пред политиката и да не дадат виза за оваа масовна операција. Во спротивно и нив ќе ги сметаме за соучесници во ширењето на заразата. – додаваат од Глас за Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This