ПАТОТ НА ЃУБРЕТО И БОЛЕСТИТЕ: Додека светот дискутира за патот на свилата, Шилегов заглавен со патот на ѓубрето, еве низ кои скопски општини ќе поминат 200 илјади тони отпад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светот на големо дискутира за патот на свилата и околу тоа се плетат разно разни геополитички приказни. И додека тоа е актуелно во светски рамки во Скопје се дикутира за патот на ѓубрето и отпадот кој треба да се донесе од струшката депонија во депонијата Дрисла во Скопје.

Се работи за 200 илјади тони отпад во распаѓање кој треба да се пренесе низ најмалку 4 скопски општини и на крајот да се лоцира на подножјето на Водно на јужната страна каде се наоѓа и депонијата Дрисла.

Практично се работи за еколошка бомба со која се загрозува здравјето на скопјани, и не е само во прашање здравјето на жителите на Студеничани и Кисела Вода каде непосредно се наоѓа депонијата, туку се работи и за здравјето на илјадници скопјани низ чии улици ќе се разнесува отпадот во распаѓање.

Загрозени се општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, како и Кисела Вода и Студеничани. Една од можните траси е и скопската обиколница каде ќе минуваат камионите со ѓубре, но сепак тие треба да го заобиколат Ѓорче Петров, Карпош и Бутел, и да влезат низ густо населените места во Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода. Практично низ булеварите и улиците ќе се разнесува ѓубре кое е таложено со години, каде има животни во распаѓање, други животински материјали, органски и неоргански материи, како и градежен шут, кој со години е складиран на дивата струшка депонија. Дека се работи за исклучително опасни материии говори и фактот што минатата година депонијата во Струга гореше цел еден месец и не можеше да се изгасне од страна на владата.

Професорите и еколозите согласни, дека несоодветното третирање на отпадот може да има фатали последици за населението.

Професорите Рајна Богоеска, Багица Цекова и Билјана Герасимовска струшката дива депонија од која ќе се носи отпад во Скопје ја сметаат за една од најопасните во државата. Тие во својот труд велат дека се работи за опасен отпад, а тој самиот по себе што содржи супстанции кои имаат едно од следниве својства: реактивност, експлозивност, запаливост, канцерогеност, инфективност, мутагеност, тератогеност, токсичност, екотоксичност, надразливост и својства на испуштање на отровни гасови преку хемиска реакција или биолошко разложување, што е утврден со листите 1, 2 и 3 од Законот за ратификација на Конвенцијата за контрола на прекуграничниот промет со опасен отпад и негово складирање.

Можни се заразни болести, но и загадување на животната средина преку почвата и воздухот. 200 илјади тони отпад во распаѓање е огромен потфат зад кој веројатно седи и меѓукоалициски договор помеѓу партиите на власт, додека скопскиот градоначалник Шилегов молчи на барањето на граѓаните да реагира и да влијае на раскинување на договорот помеѓу Дрисла и општината Струга за превземање на отпадот.

Граѓаните на Студеничани и Кисела Вода три дена го блокираат пристапот до Дрисла, велат не се живее во близина на депонијата. Заразни болести и непријатна миризба е секојдневието со години во еден од најзелените појаси на Скопје. Отпадот од Струга ќе биде дополнителен фактор да се разгори еколошка катастрофа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This