Пендаровски бара консензус од сите партии за бугарскиот меморандум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски свикува средби на политички лидери само доколку има согласност за учество од сите претпоставени страни.

Такви беа лидерските средби за изборите и за воведувањето на вонредна состојба. Инаку, на една од претходните лидерските средби имаше предлог да се разговара за некои прашања од билатералните односи со Бугарија, но на истата немаше согласност од сите учесници за дебата на оваа тема.

Ова е одговорот на Кабинетот на претседателот Пендаровски на прашањето на Економски лидер дали тој планира да свика лидерска средба за постигнување државен консензус „на хартија“ за барањата на Бугарија по спроведувањето на изборите, што тој го најави во неговиот настап во интервју за 24 Вести во јуни годинава.

Во интервјуто Пендаровски тврдеше дека постои политички консензус околу црвената линија, што треба да ја имаме во односите со Бугарија.

-Кога велев „ако ова е предуслов да влеземе во ЕУ, да не бидеме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, тогаш зошто ни е таква ЕУ“, тоа не е дека ние се откажуваме од ЕУ. Ова е едноставно црвената линија, која ние мора да ја имаме. Значи, ние мора да направиме, еве јас сум сигурен дека ќе направиме, дури ако треба и на хартија после изборите, државен консензус. Ви тврдам, бидејќи имам комуникација со сите битни политички лидери во земјата, и Зоран Заев, и Христијан Мицкоски, и Зијадин Села, и Али Ахмети, сите мислат исто на ова прашање. Сите мислат исто по оваа точка. Зошто тоа го врамуваат во специфични изрази и реченици се знае, имаат и партиски интереси и сакаат тоа да добие на видливост, изјави во интервјуто Пендаровски.
Во јуни 2019 година, во интервју за Еуроактив, Пендаровски, меѓу другото, изјави дека „признавањето на Гоце Делчев за Бугарин е црвената линија преку која најверојатно не можеме да преминеме“.

Но, токму истиот ден во интервју за 360 степени Пендаровски го изнесе и познатиот став оти „вистина е дека Гоце се изјаснувал како Бугарин, таков бил историскиот контекст, но вистина е и дека се борел за самостојна македонска држава“. Но, подоцна настапи од сосема други позиции.

Одговорот на Пендаровски претставува, всушност, префрлање на топката кај партиските лидери. Но, кај партиските лидери како да нема политичка волја и желба за постигнување државен консензус на хартија. Старо-новиот премиер Зоран Заев деновиве изјави дека тој лично е против носење декларација во Собранието како одговор на бугарската резолуција, со образложение дека тоа би отворило некаков круг од нови документи. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Антонио Милошоски предложи Собранието да го разгледа „објаснувачкиот меморандум“ на Бугарија, но одговор од власта се уште нема. За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ го одржа протестот за Гоце Делчев, со истото мото, што го промовираше шефот на државата.

Бегството од државен консензус на хартија, пак, покажува дека политичките партии, особено тие од власта, играат на картата на делби. Притоа, наспроти консензусот, што постои, како што тврди претседателот Пендаровски, тие како и секогаш, наспроти излеаниот македонски национализам, треба пред домашната и меѓународната јавност да останат „чисти и девствени“, наспроти „протестирачката и непомирлива“ опозиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This