ПЕНДАРОВСКИ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА , ЧЛЕН НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска претседателот на државата Стево Пендаровски побарал разрешување на Иванка Василевска. Таа е претставник во Националниот совет за евроинтеграции на Собранието на претходниот претседателски кабинет, но денеска од претседателскиот кабинет соопштија дека Пендаровски бара нејзино разрешување.

Иванка Василевска беше именувана 4 месеци по организираниот напад на Собранието на 27 април 2017
Како што пишува порталот, веќе било испратено известување до Илија Димовски, кој е претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а е предложено на местото на Василевска да дојде Александар Спасов, доцент од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Порталот САКАМДАКАЖАМ.МК утринава објави дека професорката Иванка Василевска,која од претходниот претседател Иванов беше предложена за членка во ова собраниско тело во август 2017, се уште ја извршува оваа функција. Иванка Василевска е членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од април 2018 година, а на функцијата претставник во Националниот совет за евроинтеграции на Собранието беше именувана 4 месеци по организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, за кој таа кажа дека бил „најмирољубив насилен влез“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This