ПЕНДАРОВСКИ БPУТAЛEH: Правната држава е полyмpтвa, јас бев носител на листа 2016-та чyвствyвам морално одговopност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски истакна дека правната држава е полумртва во денешното интерву во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24. Пендаровски спомена дека тој лично чувствува морална одговорност за она што се случува со правото и правдата во Македонија бидејќи лично тој беше носител на листа на СДСМ.

-Чувствувам морална одговорност затоа штоа јас бев носител на листа на парламентарните избори во 2016-та година. Јас заедно со сите тие други кандидати и носители на листи, заедно зборувавме не само „нема правда нема мир“ зборувавме и за ветинг на судии и обвинители. И во меѓувреме ако веќе тоа генерално ни било да не кажам забрането од Брисел како што кажа премиерот и тоа е точно, тие беа препораките.  Но меѓутоа ни не смеевме да оставиме грубо кажано 10-15-20-25 судии кои се на целокупната македонска јавност познати како луѓе кои што се судии само формално во суштина се бизнисмени и работат по некои други узанси и норми, не работат според законот, Уставот и меѓународните конвенции. Тука правната држава мораше да испорача. Или онаа стара фраза која ја користиме за жал 30 години дека ниту еден висок функционер од било која власт нема лежено затвор, вели Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This