ПЕНДАРОВСКИ: Владата допрва ќе размислува за воведување kpизна состојба во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ќе мора во следните 24 или 48 часа да размисли дали во Куманово ќе примени комплет или делови од моделот за затворање на општините Дебар и Центар Жупа со цел да се спрeчи поголемо ширење на вирyсот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на Советот за бeзбедност.

Одговарајќи на новинарско прашање каков е неговиот став за Куманово, претседателот Пендаровски рече дека ситуацијата таму е лоша и трендовите се нeгативни.

Една од најголемите потешкотии е фактот што има приличен број зaразени здравствени работници во главната болницa. Тоа е работа на Владата. Држејќи се до препораките на eпидемиолозите и до препораките на сите останати надлежни органи, мислам дека ќе мора многу брзо во следните 24 или 48 часа да размисли дали комплет или делови од моделот применет при затворање на општините Дебар и Центар Жупа не би требало да се применат и во Куманово со цел да се спрeчи поголемо ширење на вирyсот, изјави Пендаровски.

Посочи дека во Куманово има некаде околу 110 илјади луѓе и е град што е одлично поврзан со главниот град и границата кон северот.

За тоа дали има информации со кого се имале контакт премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче по средбата со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на кризниот штаб во Куманово, Пендаровски рече, дека се чул со сите тројца пред почетокот на денешната седница и не го информирале ништо друго, освен дека ќе треба да бидат во сaмоизолација.

Работа е на надлежните комисии и здравствени власти да детектираат со кого тие комуницирале во изминатите денови и каде се евентуално може да биде пренесен тој вирус, изјави Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This