ПЕНДАРОВСКИ ДЕНЕС ВО РИМ: Ќе се сретне со претседателот на Италија, Серџо Матарела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во официјална посета на Република Италија. Тој во Рим ќе биде пречекан со највисоки државни и вoeни почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела.

Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Стево Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.

Во рамките на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This