Пендаровски: Дoлжни cмe дa ce бopимe пpoтив kpшeњeтo нa чoвeкoвитe пpaвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Должни сме да се бориме против кршењето на човековите права, антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите, говорот на омраза и дискриминацијата во современото демократско општество.

Ова го порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски по повод 16 Мај, Денот на отпорот на Ромите.

Пендаровски на својот фејсбук-профил наведува дека Денот на отпорот на Ромите ја означува упорноста на ромскиот народ, неговата борба за право на живот и борбата за опстанок за време на Втората светска војна.

-На 16 Мај 1944 година ромските затвореници, жени и мажи, вооружени со чекани, лопати и други дрвени предмети се спротивставиле на нацистите во логорот на смртта Аушвиц. Денот на отпорот на Ромите ја означува упорноста на ромскиот народ, неговата борба за право на живот и борбата за опстанок за време на Втората светска војна, потсетувајќи не’ на еден ужасен период од историјата. 76 години подоцна, должни сме да се бориме против кршењето на човековите права, антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите, говорот на омраза и дискриминацијата во современото демократско општество, наведува Пендаровски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This