Пендаровски за Заев: Тој е таков по карактер, кога ние ќе паднеме со духот тој не крева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас во овој момент сум реалист и умерен оптимист. Разговарав со премиерот Зоран Заев, тој е таков по карактер, секојпат поголем оптимист од мене и од другите, државното раководство, кога ние ќе паднеме со духот тој не крева.

Ова го изјави меѓу другото претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска по билатералната средба во Рим со неговиот италијански колега Серџо Матарела, одговарајќи на новинарски прашања во врска со обидите за пронаоѓање решение со Бугарија и одблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ.

Тој информира дека сигурно наредните денови ќе доставиме предлози, кои ќе се базираат на акционите планови, секторската соработка, кои, како што рече, ги правевме и во ноември и во декември, ги доставуваме и до Брисел и до Софија. Посочи дека нема иновација во тој дел, а вклучена патна е и енергетска инфраструктура, медиумска соработка, културата, образование…

Многу ми е битно дали при тоа ќе бидат сочувани виталните македонски национални и државни интереси, дециден беше претседателот Пендаровски.

Ставот на Софија, кој во овој момент го формулира само претседателот Радев, бидејќи нема други функционални институции, истакна Пендаровски, е дека вратата не е затворена во однос на португалскиот предлог. Укажа дека тоа е се што знаеме во однос на ставот на Софија за португалскиот предлог.

Ние сега бараме да почнеме со преговори, а понатаму низ годините можат буквално сите барање од тие нивни декларации и резолуции да ги стават на маса. Меѓутоа зборуваме да почнеме со процесот, изјави Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This