Пендаровски и Патријархот Вартоломеј разговарале за статусот на МПЦ-ОА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средба на претседателот Пендаровски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх.

На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.

Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This