April 30, 2024, 10:12 pm

Пендаровски: Казната за човекот кој го постави албанското знаме во Охрид можеби е превисока

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателскиот кандидат поддржан од владеачката коалиција, Стево Пендаровски по барање на новинарите да го коментира инц идентот со поставувањето на знамето на Република Албанија на источната страна на Самоиловата тврдина во Охрид, денеска апелираше до сите граѓаните да не подлегнуваат на какви било прово кации од овој тип.

-Јас во тоа препознавам обид за кревање на меѓуетничките тензии во еден град кој досега немал историјат на такви меѓуетнички препу кувања и тоа на неколку дена пред вториот круг на изборите. Немам докази, но мене ми е симптоматично што неколку дена пред вториот круг на избори се случува баш ваков настан. Се надевам дека ако има некаква организација зад тоа од било кого, не мора од државата, можеби и недвор од нашата држава и од регион, би апелирал до тие луѓе да не го прават тоа бидејќи Македонија има заземено добар курс и во сферата на меѓуетничките односи, изјави Пендаровски кој додаде дека е затворен последниот правен дел од Рамковниот договор и земјава оди на вистинскиот пат кон Европа.

Според него, прилично е индикативно што настанот се случува на таков отворен начин.

-Не би сакал да верувам дека некои фактори, можеби надвор од нашата држава сакаат да се кренат меѓуетничките тен зии, како што за жал имавме случаи години наназад кога имавме избори од каков било тип, кога на таа карта – кр евање на меѓуетнички тен зии, добиваат точно знаеме кои политички партии и оние кои го предводеа претходниот режим и искористуваа шанса да се претставуаа себе си за големи патриоти, а другите како предавници на сопствената татковина, рече Пендаровски.

Како легалист, истакна, морате да почитувате процедури и сан кции изречени од надлежни органи.

-Можеме да разговараме дали е превисока казната и во пари и околу забраната за влез на тоа лице од пет години. Можеме да се согласиме дека можеби е превисока. Но, во моментот тоа се законските граници од-до. Ако се прев исоки, оние што одлучуваат, би требало тоа да го кор егираат, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ и колицијата Стево Пендаровски.

Извор: “Република”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This