ПЕНДАРОВСКИ МУ ГО „СВАРИ ГРАВОТ НА ЗАЕВ“: Македонија не е правна држава, далеку сме од европскиот просек, не можеме да се пофалиме дека некој од нашите лежи затвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Далеку сме од европскиот просек вели претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевзија, зборувајќи за правото и правдата во нашата држава.

Според него правда во Македонија се уште нема во оние количини во кои е потребна.

-Ние можеме да влеземе во една анализа зошто правдата се уште не е стигната во оние количини во кои треба да ја има, вели Пендаровски.

Понатаму тој посочува дека тоа што во Македонија 30 години ниту еден висок функционер не осуден и не лежи затвор не говори добро за државата.

-30 години транзиција не зборува добро за нашата држава тоа што ниту еден висок функционер не е осуден, не лежи затвор, додаде тој.

За него главен индикатор дали има правна држава или не е гонењето на функционери од актуелната власт, а во тој дел Македонија и власта на СДСМ нема со што да се пофали.

-Дали има правна држава или нема, главниот индикатор не е само да ги гониш од претходно туку дали некој од твоите ќе заглави во затвор за докажани кривични дела. Значи во тој дел ние немаме што да се пофалиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This