Пендаровски на Самитот за демократија: Нашата демократија се изроди по половина век автopитарно владеење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија, што се одржува виртуелно во организација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

-Оваа година, Македонија одбележува три децении од Денот на независноста, од времето кога ја прифативме демократијата и ги заштитивме со нашиот Устав – слободата, основните човекови права и правда за сите. Нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење. По падот на комунизмот, во исто време поминавме низ сложен процес на градење на држава и на демократија, вели Пендаровски во своето обраќање.

За разлика од земјите од Централна и Источна Европа кои ги уживаа придобивките од европското обединување, тој истакна дека Македонија, и покрај тоа што успешно ја избегнала граѓанската војна, била дел од регионот во Европа каде што биле извршени најужасните воени злосторства по Втората светска војна.

Во своето обраќање Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, говореше и за регионалното влијание врз мулти-културното општество, со кое успеале да изградат и одржат функционален модел на мултиетничка демократија.

-Стратешките цели за членство во НАТО и Европската Унија беа силен поттик дополнително да се зајакне довербата на граѓаните во демократскиот модел на управување. Сепак, во последната деценија, на сите континенти, дури и во утврдените демократии, посведочивме пораст на популизмот и авторитарните тенденции кои ја предизвикуваат демократијата и ја прават ранлива, вели претседателот.

Тој истакна дека не постои алтернатива и не треба да се губи време. Според него, ревитализацијата на демократијата е од суштинско значење за справување со овој предизвик без преседан во времето.

-Потполно сме свесни дека нашата безбедност, просперитет и основните права и слободи се меѓусебно поврзани. Македонија целосно ја поддржува главната причина за овој собир и е подготвена повторно да се заложи за основите на слободниот свет, додава Пендаровски.

Шефот на државата порача дека потребно е заеднички да се одбрани начинот на живот од авторитарни држави и ентитети, на решителен и координиран начин. Потоа, да се зголемат напорите во борбата против корупцијата и организираниот криминал бидејќи тие го нарушуваат владеењето на правото и довербата на јавноста во демократијата и, како такви, претставуваат закана за националната безбедност. И како последно порача дека е потребно да се заштитат човековите права и слободи преку градење на цврсти, одговорни институции, силно граѓанско општество и слободни медиуми.

-Демократијата ги има сите ингеренции да надвладее над авторитаризмот, а заедницата на демократските народи е должна да ја промовира и заштити. Алтернатива е враќање назад во историјата обележана со уништување и огромно страдање на милиони луѓе. Светот заслужува многу подобра иднина. Само во демократија можеме да бидеме сигурни за исходот, е пораката од Пендаровски.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски информираат дека самитот има за цел да ги поттикне заложбите и иницијативите за јакнење на демократијата и одбрана од авторитаризам, борба против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права, како и претставување на предизвиците со кои се соочува демократијата на глобално ниво и во земјите-учеснички, вклучително и во Соединетите Американски Држави.

На дводневниот самит учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This