April 28, 2024, 11:45 am

Пендаровски нa cpeдбa co шeикoт Myхaмeд бин Абдyлкapим Aл-Иca

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, шеикот Мухамед бин Абдулкарим Ал-Иса, кој на негова покана вчера и денеска престојува во посета на нашата држава.

На средбата се разговарало за активностите на Муслиманската светска лига во насока на промовирање на исламската толеранција, дијалогот и соработка со сите конфесии, што води кон надминување на растечките предрасуди и обезбедување услови за мир и соживот.

Во тој контекст, како што соопштија од претседателскиот кабинет, Пендаровски ги поздрави меѓународните активности на шеикот Мухамед бин Абдулкарим Ал-Иса, оддавајќи признание за неговиот личен ангажман во промоцијата на умерените исламски вредности во светот.

Истовремено, претседателот Пендаровски оцени дека посетата е можност за воспоставување дијалог и соработка со Муслиманската светска лига.

Тој подвлече дека нашата држава е со длабоко вкоренета традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на различните верски убедувања и негување на верските слободи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This