Пендаровски: Очекувам уште поубедлива победа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател на државата од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски по гласањето во скопската населба Автокоманда изјави дека се надева оти изборниот ден ќе заврши мирно и на тој начин ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер и демократски избори, како што приличи на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг затоа што оние категории граѓани кои во првиот круг останаа дома или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на гласачките места, изјави Пендаровски пред медиумите.

Тој изрази надеж дека најголемиот дел од нив ќе го препознаат концептот за кој се залагал за време на изборната кампањата и дека ќе сакаат да го поддржат концептот кој значи одење напред за сите граѓани во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This