Пендаровски: Ситуацијата со Koвид-19 е иcклyчително cepиозна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пандаровски, по состанокот на Советот за безбедност, се обрати пред јавноста, апелирајќи да се почитуваат сите мерки за заштита од корона вирусот, зошто ситуацијата, како што рече, е исклучително сериозна.

Ситуацијата е исклучително сериозна, човечките и материјалните ресурски се искористени речиси до максимум. Во отсуство на вакцина или лек нема друга алтернатива, туку почитување на мерките, носење на заштитна маска, намалени дружби… Направето го тоа за себе и за своите најмили – порача Пендаровски.

Тој истакна дека сите корисни предлози во справување со Ковид-19 ќе бидат прифатени.

Посебно сакам да нагласам дека ниту во Владата, ниту во Министерството за здравство, ниту во Комисијата за заразни болести, не е собран сиот ум, затоа секоја критика, издржан предлог, е добродојден. Сите корисни идеи и предлози да бидат прифатени – истакна Пендаровски.

Тој додаде дека очекува ситуацијата да не се користи за политички поени, бидејќи сите сме губитници. Пендаровски му оддаде признание на медицинскиот персонал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This