Шансата да се задржат младите во регионот е доколку Западен Балкан почне да ги користи своите ресурси и да продолжи со регионални автономни иницијативи и да создаде нешто како мала ЕУ, вели претседателот на С Македонија, Стево Пендаровски.
Тој од Форумот за млади лидери во Нови Сад истакна дека на младите во регионот не им била дадена шанса и дека имаат право да одат и да бараат работа во светот, ако политичарите не им дадат соодветна перспектива.
– Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја – рече тој, илустрирајќи ја ситуацијата во С Македонија, но и во регионот.
Изјавата може да се слушне пред крајот на видеото.