ПЕНДАРОВСКИ СОБРА 15 ИЛЈАДИ ПОТПИСИ:Од СДСМ очекуваат над 20 илјади до крајот на денот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од СДСМ информираат дека уште во претпладневните часови на денот кога почна собирањето потписи, се потпишале над 15 илјади граѓани, а очекуваат над 20 илјади. Со тоа, Пендаровски може да поднесе кандидатура по две основи: со поддршка на пратеници и со потписи на граѓани.

Кирацовски, кој го предводи Изборниот штаб, и самиот се потпиша во подрачната единица во Битола.

Претходните денови, потребните потписи ги собраа уште двајца кандидати: професорката Гордана Силјановска-Давкова, која, откако доби повеќе од 15 илјади потписи, ги повлече листите од подрачните единици, а вчера и професорот Блерим Река објави дека има над 11 илјади потписи.

Останатите четворица претенденти за претседателски кандидати имаат уште два дена да стигнат до 10-илјадитиот потпис. Според Табелата што ја објави ДИК, до вчера за Јосив Мирчевски се потпишале само 8 граѓани, за Господин Попоски 23, за Димче Петровски 521, а за Филип Петровски, илјада 325 граѓани. Во сабота истекува 15-дневниот рок, по што, оние што обезбедиле најмалку 10 илјади потписи или поддршка од 30 пратеници, ќе достават кандидатура до ДИК. Изборната кампања официјално почнува на 1 април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This