Пендаровски: Тоа што Заев го рекол за мене не е типично за него, се сомневам дека можеби некој од неговите познати ПР-стратези му сугерирале да напише таква небулоза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што денеска премиерот Зоран Заев го рекол за мене не е типично за него. Јас лично се сомневам дека можеби некој од неговите познати ПР-стратези и советници му сугерирале да напише таква небулоза дека е зачудувачки претседателот на државата да работи против интересите на граѓаните, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Ако Заев ја слушал изјавата што ја дадов во Приштина, а која трае 2 минути и 30 секунди, ќе знае дека јас го кажувам истото што му го кажав нему лично во 2019 година на лидерската средба која ја организиравме откако тој подесе оставка поради француското одолговлекување и поради новата методологија за проширување на Европската Унија. Тој тогаш рече дека е изневерен од ЕУ и дека треба да одиме на нови избори. На таа лидерска средба цели два часа разговаравме и јас тогаш му ги кажав моите загрижености кога станува збор за иницијативата „Отворен Балкан“, односно тогашен „Мини шенген“. Тогаш му реков дека ако иницијативата „Отворен Балкан“ значи компензација за полноправно членство во ЕУ, тогаш јас нема да ја прифатам таа иницијатива. Му реков, ако таа иницијатива е замислена како некаква идеја за реставрација на некаква Југославија, јас ќе бидам против. Исто така, му посочив и дека ако таа иницијатива се занимава со политика, а не со економија и со трговија, тогаш јас ќе бидам против. Заев тогаш нè убедуваше и нè убеди дека не станува збор за ништо такво, туку само за полесно преминување на границите, истакна Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This