April 27, 2024, 10:16 am

Пендаровски ja aнгaжиpaшe Apмиjaтa зa обeзбeдyвaњe нa гpaницaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на границата.

-Врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19 и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба, претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Инаку Владата на последната седница донесе заклучок да го информира и да му предложи на претседателот одлука за учество на дел од припадниците на Армијата во справувањето со кризната состојба која е прогласена најмногу од 30 дена почнувајќи од вчера.

-Владата му препорача на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со ситуацијата на подрачјата на јужната и северната граница, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба, соопштија од Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This