Пендapoвски: Ова е cpaм за Maкедонија, ceпaк благодapнocт зa Cpбиja зa вakцините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, ѝ се заблагодари на Србија за вакцинирањето на македонски граѓани изминатиот викенд, но рече дека „тоа е срам на за нашата држава“ и „такви слики не смеат да се повторат“.

Пендаровски информираше дека министерот за здравство Венко Филипче го информирал дека од утре почнува масовната имунизација на македонското население, а Пендаровски му рекол дека масовната имунизација треба да трае без прекини до целосно вакцинирање на сите граѓани во земјата.

Претседателот заклучи дека „е точно дека верувавме во КОВАКС системот и во солидарниот фонд на Европската унија, но тие задоцнија со месеци, како и дека е точно 80 отсто од вакцините се распределени во 10 отсто од земјите, но тоа не треба да биде оправдување“.

„Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен во болница. Министерот Филипче ме увери дека такво нешто не се случило, ниту ќе се случи“, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност и „апелираше до приватните здравствени установи да се откажат од профитот да ги направат своите услуги достапни за инфицираните“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This