ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПОВТОРНО ИЗИГPAНИ: Тeшko ќе се снајдат со апликацијата за поврат на ДДВ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од јули годинава наводно преку апликација на смарт телефон граѓаните ќе можат да си повратат 15% од Данокот на додадена вредност. Сепак не е јасно, како ќе успеат да го сторат тоа пензионерите, но и оние граѓани кои не користат паметни телефони, пренесува Фактор.

„Секој граѓанин во нашата земја не знае а и можеби нема доволно средства да си обезбеди телефон на допир за да може да ја користи апликацијата, претпоставувам дека ќе почекаат да дојде на гости некој од внучињата, или познаник кој може да им помогне со оваа апликација“, вели за Фактор пензионерот Благој Зајков.

Тој меѓудругото дополнува:

-Јас имам телефон смарт како што го велат децата, и тие ми го дадоа, меѓутоа со него само можам да се јавам, да ги слушнам децата, најблиските, сопругата, за друго не го користам , не сум активен ниту на Фејсбук, ниту пак играм игри на телефонот. Сопругата сеуште е во работен однос и таа е активна на социјалните мрежи преку телефонот каде комуницира со децата, но дали ќе се снајде со апликацијата без помош на нив, незнам.

Апликацијата за поврат на 15 отсто од ДДВ-то е готова велат од Владата, но во наредните два месеци истата ќе биде подлежна на тест. Од Јули годинава истата ќе биде достапна до граѓаните во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This