Пенс има 24 часа да го разреши Трамп – усвоена е резолуција за примена на 25-ти амандман

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставничкиот дом на американскиот конгрес ја прифати резолуцијата со која се бара од потпретседателот на САД, Мајк Пенс, да го спроведе 25-тиот амандман на американскиот устав и да ги преземе претседателските овластувања од претседателот Доналд Трамп.

За резолуцијата предложена од демократските конгресмени гласаа 223 конгресмени, додека 205 беа против. Од Пенс се бара да го спроведе 25-тиот амандман, кој му дава претседателски овластувања доколку претседателот не е во можност да ја извршува својата должност, што би го отстранило Доналд Трамп од функцијата една недела пред инаугурацијата на Џозеф Бајден.

На Пенс му беа дадени 24 часа да коментира. Потпретседателот на САД претходно изјави дека не сака да го спроведе 25-тиот амандман, бидејќи тоа би бил, како што рече, „страшен преседан“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This